СИНА КАРТА ВО СЛОВЕНИЈА

Словенија е држава којашто е привлечна за квалификуваните работници од странство и им нуди посебна дозвола за работа и престој. Оваа дозвола се нарекува Сина карта на ЕУ (Blue Card EU) и на сопствениците и нивните семејства им нуди голем број предности во однос на другите вработени лица од странство.  

Во Словенија постапката за издавање на Сина карта има свои карактеристики:  

  • договорот со работодавачот мора да биде склучен во времетраење од најмалку 1 година;
  • платата која треба да ја прима таков специјалист мора да биде најмалку 1,5 пати поголема од просечната платата во земјата;
  • првата дозвола за престој за таков специјалист може да се издаде веднаш и тоа во времетраење од 2 години;
  • членовите на семејството на носителот на словенечката Сина карта имаат право на непосредно здружување со семејството.

Сина карта има за цел да ги привлече и да ги задржи висококвалификуваните професионалци, особено во оние сектори од економијата кои во моментов се соочуваат со недостиг на кадар. Во Словенија, ИТ секторот е една од најатрактивните професионални области за странците.

2TM обезбедува поддршка за добивање дозвола за престој во Словенија врз основа на студирање, бизнис, вработување, вклучувајќи ја и Сината карта, како и здружување со семејството. Ние ќе ви помогнеме да се справите со тековните барања за добивање дозвола за престој, ќе поминеме со вас низ потребните процедури за усогласување со избраната основа за дозволата и ќе ви помогнеме да ја добиете истата за сите членови на семејството.

Бесплатни консултации

    Закажете
    консултација

    Поставете ни прашање и закажете консултација.
    Нашите експерти ќе ви одговорат што е можно поскоро.

    Поставете ни прашање