Овде ќе може да научите зошто ви ги бараме вашите лични податоци кога ја користите нашата веб-страница и на кој начин ги обработуваме вашите лични податоци.
Фирмата 2ТМ д.о.о. (во продолжение – фирмата) многу сериозно постапува со вашите податоци. Ги собираме контактните информации и некои лични податоци на лицата кои ја посетиле нашата веб-страница и на оние кои сакаат да добијат повеќе информации за услугите на фирмата, и кои за таа цел стапуваат во контакт со фирмата преку образец на веб-страницата, преку телефон или со помош на системот на електронска комуникација (електронска пошта, Skype, WhatsApp, Viber, Facebook, Vkontakte и др.).
1. Начела што ги следи фирмата при обработката на личните податоци:
- личните податоци ги собираме, ги обработуваме и ги чуваме на законски, правилен и транспарентен начин;
- пред приемот на личните податоци определуваме изречни и законски цели за нивното собирање, обработка и чување: податоците кои не ги имаат овие цели, не ги обработуваме;
- собираме, обработуваме и чуваме лични податоци само со дозвола и врз основа на согласноста на субјектот на личните податоци;
- личните податоци секогаш ги обработуваме во согласност со доменот на користење, со природата, начинот и со времето на обработка и чување на личните податоци;
- за важноста, точноста и соодветноста на личните податоци одговара самиот субјект на личните податоци;
- личните податоци во формата која овозможува идентификација на лицето, на кое се однесуваат личните податоци, ги чуваме само онолку време и во оној опсег колку што е потребно за обработката на личните податоци;
- обезбедуваме уништување или деперсонализација на личните податоци откако ќе ја постигнеме целта или ако се побара уништување или деперсонализација од страна на субјектот на личните податоци, освен ако законот не нè обврзува да ги чуваме тие податоци и натаму.
2. Фирмата ги собира, ги обработува и ги чува личните податоци, со следните цели:
- за да обезбеди комуникација преку електронскиот контактен образец и преку другите системи на електронска комуникација;
- за да води лична и анонимна анализа, во согласност со наведените интереси на субјектот на личните податоци за предметот на дејноста на друштвото;
- за склучување и реализирање договори со субјектот на личните податоци;
- за тргување со услугите на фирмата;
- за спроведување анкети, акции и истражувања;
- за оформување електронски статистички извештаи за натамошен развој на фирмата.
3. Кои лични податоци ги собира нашата фирма:
Поголемиот број од електронските извори на фирмата (веб-страницата, WhatsApp, Viber, WeChat, Facebook, Vkontakte и др.) може пасивно да ги користите без да го откриете својот идентитет. Но, доколку се пријавите на веб-страницата на нашата фирма преку електронскиот образец или доколку воспоставите комуникација со фирмата со помош на електронските комуникациски системи (Skype, WhatsApp, Viber, WeChat, Facebook, Vkontakte и др.), преку електронска пошта, телефон или доколку искористите друг начин на комуникација со фирмата, ќе ви ги побараме вашето име и презиме; е-поштата, телефонскиот број; друг начин на комуникација што ви одговара; ќе ве прашаме што ве интересира во однос на подрачјето на работење на фирмата. Во случај вашето прашање да е поконкретно и ако барате поподрбни информации, ќе ви ги побараме и годината и датумот на раѓање, државата на престој, информација за највисокиот завршен степен на образование, и во согласност со договорот со вас – и евентуално други дополнителни информации. Сакаме да нагласиме дека списокот информации кои ги собираме, може да се разликува во однос на тоа кој вид електронска комуникација користите.
Одлуката за тоа кои информации ќе ѝ ги доставите на фирмата, секогаш ја носите вие сами. Фирмата ги собира исклучиво оние лични податоци, кои вие ни ги доставувате доброволно и непосредно. Исто така, секогаш сме подготвени подорбно да ви кажеме кои информации се потребни за фирмата да може да ви ја обезбеди услугата што ве интересира.
4. Колачиња
Колачињата (cookies) се датотеки со податоци за услугата, кои го забрзуваат повторниот пристап до нашата веб-страница. Колачињата ги чуваат поединечните кориснички нагодувања, кои корисникот ги определува при посетата на нашата веб-страница.
Тие датотеки се зачувани во компјутерите и во другите уреди, кои ги користите за пристап до веб-страниците. Колачињата може во кој било момент да ги избришете или да го оневозможите нивното користење во нагодувањата на пребарувачот.
5. Заштита на пристапот до личните податоци во фирмата
За заштита на личните податоци, кои се праќаат преку обрасците на веб-страницата, фирмата за шифрирање на преносот на податоците користи специјализиран протокол HTTPS.
Пред преносот, податоците се заштитуваат со помош на сертификатот SSL, кој обезбедува шифрирање со цел зачувување на доверливоста и комплетноста на пораката.
Личните податоци на странките на фирмата се чуваат во електронска форма на сервери во корпоративен магацин. Магацинот има надзорен систем на пристапот, систем на ревизија и антивирусна заштита.
6. Статистичка анализа
Веб-страницата користи алатки за статистичка анализа на влезните податоци со цел подобрување на квалитетот на извршените услуги.
- На интернет-серверот чуваме податоци за посетата на веб-страницата во т.н. електронски дневници (log files).
- За собирање и анализирање податоци на веб-страницата и за поголема ефикасност на нашите комерцијални акции, нашата веб-страница користи надворешни услуги зa интернет-аналитика, кои ги нудат Google Inc., Yandex и Facebook.
Надворешните понудувачи на услуги за интернет-аналитика ги чуваат датотеките со податоци за услугите на client device со цел анализа на користењето на веб-страницата од страна на посетителите. Доколку не сакате споменатите понудувачи да ги користат информациите за вашите активности на нашата веб-страница, во вашиот пребарувач може да ја деактивирате JavaScript. Но, во тој случај нема да може да ги користите надворешните информациски извори, кои се објавени на нашата веб-страница.
7. Надворешни извори на информации
- Картографската услуга Google Maps на фирмата Google Inc. се користи за прикажување на интерактивни географски карти и на упатства за тоа како да се стигне до нашите канцеларии.
- Страниците на нашата фирма на социјалните мрежи Facebook и Vkontakte, каде што објавуваме актуелни информации.
- Кнопки «Поделиться», содержащие ссылки на различные социальные сети, такие как Facebook, VK, Twitter, Google + и т. д.
- Копчињата со врски до различни социјални мрежи, како што се: Facebook, Vkontakte, Twitter, Google+ и сл.
Користењето на надворешни информациски извори го уредуваат операторите на соодветните извори: на веб-страницата, на социјалните мрежи, на услугите и сл. Без оглед на околностите и податоците кои се пренесени од нашата веб-страница, надворешните оператори немаат пристап до личните податоци на посетителите на нашата веб-страница.
8. Пријава за новости
Механизмот за дистрибуција на новости преку веб-страницата го изведуваме со користење на надворешна услуга. Во рамките на таа услуга, ги доставуваме само податоците кои се наведени при пријавувањето на корисникот за примање новости, зашто тие податоци се потребни од технички аспект, само за испраќање пораки. Може да се одјавите во секој момент. За да го сторите тоа, доволно е да стиснете на врската „одјави“, која ја има на крајот од секоја наша порака.
9. Мерки на претпазливост
Во склоп на добиените одлуки за заштита на личните податоци, нашите стручњаци спроведоа и определени технички и организациски мерки за заштита од намерна или ненамерна манипулација со податоците, од неовластен пристап и од промена или уништување на информациите.
Преносот на податоците на нашите странки од веб-страницата се одвива преку шифриран комуникациски канал, при што се користи сертификатот SSL. Уредите, кои ги користиме за зачувување податоци се опремени со системи за автентикација, авторизација и со ревизија на пристапот на вработените, и се заштитени со пожарни ѕидови и со антивирусна програмска опрема.
Но, сепак сакаме да нагласиме дека преносот на податоци преку интернет секогаш има определени безбедносни ризици. Информациските пакети кои патуваат од испраќачот до примачот преку интернет, патуваат преку повеќе поврзани приклучни јазли (компјутери). Нивото на пристап до тие преодни јазли го уредуваат нивните сопственици. Затоа користењето на таквите технички решенија исклучува апсолутна заштита на доставените информациски пакети од пристап на трети лица.
Како резултат на тоа, со користењето на електронските услуги за пренос на доверливи документи, мора да бидете свесни и за својата одговорност за заштитата на испратените податоци.
Наш совет е вашите податоци да ги заштитите од злоупотреба со шифрирање, лозинки или со други средства. За испраќање на доверливи документи наша препорака е да користите обична пошта.
10. Рокови на чување на личните податоци во фирмата
Фирмата ги чува личните податоци пет (5) години од денот на давањето согласност од страна на субјектот на личните податоци или до денот кога субјектот на личните податоци написмено ќе побара тие да се избришат.
11. Испраќање на личните податоци на трети лица
Фирмата не ги открива добиените лични податоци, освен во случаи кога тоа го бара законот. Тука спаѓаат и барањата за водење сметководство и случаите кога субјектот на личните податоци ѝ дава на фирмата дозвола за пренос на личните податоци на трети лица и на овластени застапници на друштвото – во целост или делумно.
Овластените застапници на фирмата ги собираат, обработуваат и ги чуваат личните документи во согласност со политиката на друштвото за заштита на личните податоци.
12. Вашите права во врска со личните податоци што сте ѝ ги испратиле на фирмата
Секој субјект на лични податоци има право од фирмата да побара информација за тоа кои негови лични податоци таа ги обработува и ги чува. Има право и на копирање, дополнување и исправка на личните податоци, и да бара ограничување на нивната обработка и чување. Исто така, субјектот има право неговите податоци во целост или делумно да се пренесат или да се избришат од базата на податоци на фирмата.
13. Контакт на фирмата во случај на прашања во врска со личните податоци
За да добиете дополнителни информации во врска со вашите лични податоци и за да испратите порака со вашите желби за изведување на какви и да е дејства со нив, може да ни пишете на е-пошта: **@2t*.si.
Директор Александр Поляков
Компания 2ТМ d.o.o.
Slovenija, Ljubljana
Dunajska cesta 106
+386 59 043 716
Издание: мај 2022 година