При запишувањето на факултет во Словенија многу идни студенти се прашуваат кој факултет да го изберат – приватна или државна образовна установа, на редовни или на вонредни студии. Дали постои голема разлика меѓу нив? Се тоа и уште повеќе прочитајте во овој текст, кој ќе ги опреми идните студенти со сите потреби информации.
Во Словенија има два типа на образовни установи: приватни и јавни. Како што е јасно од самото име, главна разлика помеѓу нив е финансирањето. Двата типа се финансирани од јавниот буџет, а приватната образовна установа покрај од јавниот буџет, дополнително се финансира и од приватни извори. Сега кога ја споменавме главната разлика, можеме да се посветиме на особеностите, кои се важни за студентите.
1. Сите дипломи на јавните и на приватните образовни установи се акредитирани од страна на министерството и се меѓународно признаени
Разлика меѓу дипломата која студентот ќе ја добие на јавна или на приватна образовна установа практично нема; двете дипломи се акредитирани од страна на министерството и се меѓународно признаени. Студентите со документот можат да продолжат на студии или на кариера во Европа и САД, без разлика на тоа кој тип на образовна установа посетувале и без разлика на тоа дали студирале редовно или вонредно. Секој студент има исти можности.
2. Редовните и вонредните студии се исто признаено
Многумина мислат погрешно деак од дипломата се гледа дали се работи за редовни или вонредни студии или пак се работи за студии на приватна или на јавна образовна установа, но тоа не е точно. Разлика помеѓу двете дипломи нема.
3. За државјаните на Северна Македонија, Србија, БиХ и Црна Гора универзитетските студии се бесплатни
Студиите за државјаните на Хрватска, која е дел од ЕУ се бесплатни. Слично важи и за државјаните на Северна Македонија, Србија, БиХ и Црна Гора, кои во Словенија студираат бесплатно врз основа на билатералните договори. Споменатото важи за широк избор на студиски програми, кои ги нудат јавните образовни установи. Студиите на приватните образовни установи и за вонредните студии се плаќаат, но не сите. Секако цените се прифатливи, а најголемиот дел од установите нудат плаќање на рати.
4. Јавните образовни установи имаат поголем избор на програми, приватните пак нудат повеќе специјализирани програми
За јавните образовни установи важи правилото дека на студентите им нудат поголем број на програми, додека пак приватните нудат помалку програми, кои пак се специјализирани и се фокусирани на економијата и со повеќе пракса.
5. Вонредните студии се прилагодуваат повеќе според распоредот, студентите имаат индивидуален пристап
Вонредните студии во Словенија се идеални за сите кои во текот на студиите сакаат да имаат повеќе слободно време. Студентите така можат останатиот дел од времето да го искористат за работа или за одење на курсеви. Бидејќи на вонредните студии обично има помалку студенти, наставните групи се помали и како последица на тоа професорите посветуваат повеќе внимание на секој студент посебно.
6. Сите студенти имаат еднакви права и обврски
Без разлика на кој тип на образовна установа студираат, сите студенти имаат исти права. Студените имаат еднакви услови за придобивање на дозвола за престој, еднакви можности за студентска работа, студентски размени, сите добиваат бонови за прехрана и исто така сите студенти имаат право до еднакви поволности, кои им ги нуди Словенија. Слично важи и за обврските: сите мораат да достигнат одреден број на точки за напредување во повисока студиска година, да имаат сертификат за знаење на словенечкиот јазик во случај тоа да се бара, итн.
Без разлика на тоа за која образовна установа се одлучив студентот, двата типа ги нудат најдобрите услови за студии. Студиите на двете е еднакво тежок и студентите мораат за своите оцени исто да се потрудат. По завршувањето на студиите на кој било тип на образовна установа сите студенти имаат исти можности и се добро подготвени за почеток на кариерата.